„Театар 007“ со „Игра“ гостува во Белград и Софија
Независната продукција „Театар 007“ со претставата „Игра“, работена според расказите на Д. Хармс, а во режија на Игор Ивковиќ вечер ќе гостува на сцената на приватниот „Дах Театар“ од Белград.
На 17 ноември, „Театар 007“ со истата претстава ќе гостува на сцената на „НБУ ТЕАТАР“ во Софија, Бугарија.
- Ова гостување е дел од плодната соработка на „Театар 007“ со колегите од регионот и Европа, кај кои како основен принцип на работа е назависното професионално творештво и заложбата за алтернативни и експериментални театарски форми. Со ова гостување „Театар 007“ ќе ја промовира својата плодна неколкугодишна работа, а веруваме дека истото ова гостување ќе биде од особен интерес и за отворање нови поглавја во копродукциските проекти, изјави Миодраг Костиќ, продуцент на „Театар 007“.
Претставата „Игра“ премиерно беше изведена во 2009 година. „Театар 007“ со оваа претстава имаа учествувано на бројни престижни театарски фестивали, а во 2013 година, на фестивалот „Театрален куфер“ во Минск, Белорусија ја освои наградата за „Најдобра претстава со невербална комуникација“.
Во претставата играат: Филип Кипровски, Фаик Мефаилоски, Ангела Наумоска, Јана Пауноска, Илина Матеска, Дарко Богески, Стефан Петровски, Анастасија Ашкилова
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа