ТАВ Македонија: Од девет часот изутрина нема откажани летови на скопскиот аеродром
Поради намалена видливост од густата магла на Скопскиот аеродром се откажани десет лета, а три се пренасочени синоќа од 20 часот до изутрина до девет часот, по што нема откажани летови, информира аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.
-Во моментов не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена, велат во соопштение од ТАВ Македонија.
Ги упатуваат патниците да ја следат веб-страница: www.skp.airports.com.mk , во делот Летови (Заминувања/Пристигнувања), каде евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време.
Во однос на откажаните и пренасочени летови, аеродромскиот оператор укажува дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците. За сите натамошни информации во врска стекнување на патничките права, ги упатуваат патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, ги упатуваат да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување: https://www.caa.gov.mk/.
Маглата во скопската котлина веќе трет ден го отежнува одвивањето на авиосообраќајот, а намалена е видливоста и на повеќе патни правци низ државата.
Ново на Сител
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата
-
Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет
-
Финализиран проектот за обука за финансиски истраги, поддржан од Владата на Обединетото Кралство
-
Приведен косовец, пронајдени седум мигранти на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка