Балкан
11. јуни 2018 - 13:16

Таткото го гушкаше мртвиот син единец во обид да го спаси: Ужасна исповед на соседот кој го извади детето (2) од полски клозет

Теодор Максутовиќ (2), кој додека си играл паднал во полски нужник и се удавил, е најден дури откако неговиот роднина со мотика ја пребарувал септичката јама. Александар Ацо Асановиќ (31) вели дека премрел од страв кога со стапот му заглавил во нешто на дното на јамата.

Асановиќ ја опишува ужасната сцена кога очајниот татко со голи раце го зграбил телото на својот син едининец и го извадил од фекалиите со надеж дека може да го спаси.

Незапаметената семејна трагедија се случу во петокот околу 18 часот, кога Теодор со децата си играл во дворот кој неговите родители го делат со Асановиќ, во селото Павловац, кај Врање. Кога мајката на кратко влегла во куќата, детето повеќе не било во дворот, а саат време подоцна е пронајден во полскиот нижник.

Александар вели дека притрчал да им помогне на роднините кои го довикувале синот.

-Го немаше во соседството, ниту во околните шупи. Гледавме и зад работите во куќите, но залудно. Кога децата ни рекоа дека тргнал кон полскиот нужник, се упативме таму и ја надовме вратат подотворена. Ја зедов најголемата мотика и почнав да мешам по фекалиите. Во еден момент нешто закачив. Ми поминаа морници дека тоа можеби е малиот Теодор. Не сакав да создавам паника. Му реков на Едвард дека можеби е некоја фрлена пластична кукла, но тој бараше тоа да го извлечан, раскажува Асановиќ за агонијата што ја преживеаја.

-Пребледевме сите кога со мотиката го подигнав телото. Едвард го дофати со голи раце и почна да го гушка. Брзо го изнесовме, малку го измивме и избришавме, а потоа со кола го однесовме во болницата во Врање. Лекарот само ги крена рамењата. Ни рече дека никој не може да преживее по едне час гушење во фекалии. Го прегледаа но можеа само да констатираат смрт. Ова е страшна трагедија и удар, првенствено за родителите Едвард и Руксела, а потоа и за сите нас, раскажува Асановиќ.

Роднината Ружица Асановиќ вели дека го видела детето 5 минути пред трагедијата, како си игра во дворот, а потоа наеднаш исчезнал.

-Го сакавме неизмерно. Беше драг и весел. Беше понапреден од своите врсници, одамна прооде и прозборе. Повеќе пати се шегував со него, а тој се смееше и трчаше наоколу. Кога домашните го викаа, не се јавуваше. Бог го створи за се, но Бог затоа и го зеде, вели Ружица Асановиќ.

Полицијата по увидот се изјасни дека станува збор за несреќен случак. Мештаните на Павловац велат дека некој морало да се грижи за детето додека било надвор.

-Полскиот нужник мора да биде затворен. Да има селото канализација, ќе нема клозети, па нема ни ваква трагедија да се случи!