Татко загина спасувајќи го синот: Игор скокна во вода за да го спаси детето (12) и умре!
Игор Живановиќ (40) од Шимановце им подлегна на повредите во болницата во Пула кои ги здоби додека го спасуваше 12-годишниот син кој падна во море во Гортановиот гребен во Пула.
Драмата се одиграма во четвортокот во 12.20 часот. Детето го сликало морето од карпа кога наеднаш паднало во вода. Живановиќ скокнал по своето дете и успеач да го спаси, но со грандиот кош неколку пати удрил во карпите. Без свест е извлечен на брегот, реанимиран и потоа префрлен во пулската болница. И покрај сите напори на лекарите да го спасатм храбриот татко вчера ја загуби битката со животот.
-Детето стоела на карпата и го сликало морот. Го плиснал голем бран и тој паднал во вода. Таткото веднаш скокнал по него да го извлече, но огромните бранови ги носели и фрлале врз карпите. И така долж десниот брег се до плажите во заливот, ја опишаа ужаснаа сцена туристите кои се најдоа во близина и додаваат дека го слушнале несреќниот татко како од петни жили повикува помош.
Крикови од водата
Очевидци објаснуваат дека мажот веројатно исцрпен од ударите и водата изгубил свест и дека тоа го виделе спасителите Динко и Анди.
-Тие се стрчаа во морето, а во помош им пријдоа многу луѓе. Мажот беше без свест, а крупен и не можеше лесно да го извадат на брегот. Кога го извлекоа на плажата, го наместија во бочна положба. Од градите му излегуваше многу вода. Сепак во еден момент повеќе немаше пулс, раскажуваат очевидци и додаваат дека брзо стигнала итна помош.
Лекарите половина час се обидувале да го вратат мажот во живот и успеаја во тоа. Истовремено и медицинска помош на плажата, пред очите на шокрианата мајка, му е пружена на детето, кое претрпе голем шок и помали повреди.ж
Бил на одмор
Драматичната сцена се одиграла пред голем број туристи, кои поради големите бранови не се бањале. Настраданиот Живановиќ од Србија со сопругата и синот отишол на одмор во Хрватска.
-Работеше во фабриката за котли. Среќен замина на одмор. Требаше во понеделникот да се врати на работа. Ова е шок за сите нас, рече еден од неговите пријатели, додавајќи дека Живановиќ важел за исклучително добар човек и добар родител.
Молк во семејството
Таткото на Игор Живановиќ, не беше во состојба ништо да каже.
-Разберете ме, немам што да ви кажам, рече тој.
Ново на Сител
-
М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори''
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање