-->
-->
Татко објави срцепарателна фотографија од новородената ќерка со мајката која умира!
-->
37 - годишната Сара Канингем доживеала напад кога се враќала дома од работа. Семејството успеало да ја однесе во болница и да се породи, а после тоа изгубила свест и никогаш повеќе не се разбудила.
Скршениот татко, Стив „стиснал заби“ и одлучил да ја направи првата и последна фотографија од ќерката и мајакта. Малото девојче го ставил во рацете на мајката која лежела приклучена на апарати за одржување во живот и ги фотографирал.
Стив преку ноќ станал татко и вдовец. Со сите предизвици се соочувал потполно сам веќе пет години.
- Таа ми помогна бидејќи болката ме притискаше. Морав да се грижам за тоа мало суштество. Морав да се борам за старателство бидејќи Сара и јас не бевме венчани, но успеав сам, - се сеќава Стив.

Но, тука не е крајот на неговите страдања. Кога ја однел во болница со чудни скршеници на коските, тој бил обвинет за злоставување. Повторно следувала борба за докажување и утврдено е дека неговата ќерка има болест на коските.
- Никогаш нема да ја запознае својата мајка, но таа фотографија и дава сила и и помага да ги надмине тешките времиња. Може да ја види својата мајка како ја држи во раце. Тоа е првото нешто што го направив откако ми кажаа каква е ситуацијата. Медицинскиот персонал беше навистина љубезен, - истакнал Стив.

Сем сега има пет години и оди на училиште, а Стив вели дека е среќен човек. На сите самохрани родители им порачал да не се плашат и да не се срамат да побараат помош.
- Советите од другите родители се добри да ги слушнете. Исто така, опуштете се и уживајте, бидејќи се минува брзо, - порачал Стив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“
-

Денеска е Велика среда
-

Пад на цените на нафтата по објавата на Трамп за примирје со Иран
-

Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад
-

Без струја одредени делови од Скопје
-

Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
