Татко казни син, а потоа странец му одржа лекција пред сите
Емисијата „What Would You Do? стекна голема популарност на Јутуб со своите приказни, а една од последните во низата привлече многу внимание на социјалните мрежи. Имено, во серијалот се снимаат реакции на случајни минувачи на одредени инсценирани ситуации на јавни места.
Овој пат, фокусот на вниманието беше прашањето за воспитувањето на децата. Така еден актер ја играше улогата на татко на три деца кој им купува сладолед. Тој купува само два, додека за третото дете нема затоа што не заслужил, поточно го казнува синот затоа што поради него целиот тим во безбол мечот загубил, а тој пред сите се дерел дека е губитник.
Во тој момент им пријде еден странец и се вмеша во целата приказна, затоа што не можел да гледа како таткото го омаловажува синот.
- Знаете што, можете да ме одведете надвор и да ме претепате на улица. Но, те молам... Те молам, купи му сладолед. Сите грешиме во животот. Тој е само дете. И прости ми, не сакам да ти кажувам како да го воспитуваше своето дете, само ти зборувам како еден маж на друг маж, се обрати мажот кон таткото кој се обидувал на синот да му одржи лекција.
- Знаеш што? Животот е тежок и без тоа. Тој еднаш ќе мора да ги научи своите лекции. Децата мора да знаат... Дека можат да сметаат на својот татко и дека тој е некој кој ги заштитува. Ти си најважната личност во неговиот живот. Те молам, купи го тој сладолед. Ако треба јас ќе платам. Кога тоа ќе го направиш, тој ќе помисли дека има најдобар татко на светот, порача странецот кој се изненади кога во слаткарницата влезе водител за да му честита на убавата реакција.
Ново на Сител
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници