Татко ја зема ќерката во раце и скокна од височина од 60 метри
Видео снимката од таткото, кој држејќи ја во рацете својата двегодишна ќерка, скокнал банџи џамп од 60 метри височина, направена во западна Малезија, брзо се прошири на социјалните мрежи и запрепасти многумина кои го погледнаа видеото.
И покрај тоа што таткото Мохда Реџа Розла на главата носи заштитна кацига, малото девојче кое е врзано за него, на главата нема никаква заштита.
Иако публиката која го пратела скокот на местото од кое изведен, реагирала целосно воодушевено, таткото и ќерката не наишле на толку позитивни реакции кога снимката почнала да се шири по интернет, пишува „Дејли Меил".
„Разбирам дека многумина се загрижени, бидејќи вакво нешто прв пат се случува во Малезија. Сепак, нема причина за грижа. Мојата ќерка беше цврсто врзана и целосно заштитена. Таа и самата сакаше и никој не ја наговараше да скокне" – изјавил таткото соочен со острите критики.
Инаку Мохда Реџа Ролза е позната малезиска ТВ ѕвезда. Тој тврди дека девојчето уживало во скокот.
„Многу и се допадна, па дури побара тоа пак да го направиме. Меѓутоа мене ми беше страв" – додал тој.
.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси