Татко ја уби ќерката, а потоа и себе кога ја дозна ужасната вистина: Откриена позадината на семејната трагедија што ја шокираше Хрватска
Тишина се спушти над куќата во Врси кај Задар во која во неделата се одигра страотна семејна трагедија.
Маријо Јордан (55) и неговата ќерка Луција Јордан (28) во вторникот заедно се погребани на гробиштата во Врси. Таткото пред три дена ја уби сопствената ќерка со два куршуми од пиштол. Потоа излезе на балконот и си пресуди со истрел во глава.
Маријо Јордан беше морнар, а ќерката Луција работела во продавница. Со нивната смрт болната мајка и постарата сестра останаа без хранител.
Таткото, инаку ловец и ќерката често се карале поради нејзиниот расипнички начин на живот. Соседите велат дека кавгите биле се почести, зошто мештаните се жалеле на нејзиниото однесување. Имала краток фитиљ и знаела и да се истепа. Патријахалната средина никогаш не била благонаклонета кон Луција и нејзиниот начин на живот.
-Жителите често му се жаела на однесувањето на ќерката и укажуваа на нејзините компромитирачки фотографии и снимки. Неодамна дознал и дека боледува од тумор на мозокот. Кога последен пат се вратил од море, Маријо дознал дека Луција ја тепа тешко болната мајка, поради што таа била хоспитализирана на психијатрија, што очигледно ја прелило чашата. Тој ден слушнав два истрели, а по 10 секунди тишина и трет. И пресуди прво на неа, па и на себе. Страшна трагедија, вели соседот.
-Тоа ти е судбина. Она што ќе те снајде, не можело да те одмине, а она што те одминало, не можело да те снајде, ова е еден цитат кој на својот профил на Фејсбук која Луција Јордан го напишала пред да ја стигне трагичната судбина.
Ново на Сител
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово за брзо возење, едниот возел 180 на место каде дозволено е 80