Џет-Сет
25. February 2018 - 10:33

Татко ѝ и остави 100 милиони долари наследство, денес таа има само 14 илјади долари

Ќерката на „кралот на рокенролот“ Елвис Присли, Лиза Мери Присли во 1993 година, кога наполни 25 години од татко си наследи 100 милиони долари.

Денес таа тврди дека ѝ останале само 14 илјади долари и го обвинува поранешниот менаџер Бери Сигел дека го уништил нејзиното богатство.

Ќерката на славниот Присли уште е сопственик на Грејсленд, популарниот имот на Елвис Присли кој и денес е голема туристичка атракција.

Сиглел смета дека Лиза сама е одговорна за пропаста. Ја обвинува за расипнички начин на живот.