Хасан, кој инаку прави ќебапи, наводно младата танчерка ја усмртил по бурната кавга, во текот на која, како што рекол во полиција, „Дидем го навредила него и неговата жена“.
Тој прво за задавил, по што нејзиното тело го исекол на парчиња, користејќи еден од своите огромни ножеви.
Ги ставил деловит еод телото во замрзнувач, а подоцна во ранец ги носел во шума и тука ги закопувал. Кога бил готов, фрижидерот го продал во продавница за половна опрема.
Страотното злосторство е откриено откако е пронајдена раката на танчерката, завиткана во весник.
Полицијата со помош на куче трагач ги пронашла и другите делови од телото, исечени многу прецизно и со едно движење.
Нејзиниот татко потоа е уапсен, но и мајката и помладата сестра, иако сестрата набрзо била пуштена. Хасан се признал и на полицијата и ги покажал локациите каде што ги закопал деловите од телото на својата ќерка.