Тасс: Кина му се закани на Западот да не вовлекува трети земји во конфликтот на светските сили
Кина се изјасни „против обиди на трети страни да вовлечат земји од регионот во конфликт на светските сили“, објави руската државна новинска агенција Тасс.
Медиумот го цитира кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, кој изјавата ја дал за време на состанокот со претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токајев, во Нур-Султан во текот на вчерашниот ден.
– Кина отсекогаш играше конструктивна улога за помош во мировните преговори. Во денешната ситуација, потребно е да се биде свесен за обидите на трети страни да вовлечат земји од регионот во конфликт на светските сили и да се избегнат нивните барања за зазимање одредена страна. Кина никогаш нема да ги следи геополитичките интереси во централна Азија и нема да дозволи надворешни сили да започнат хаос во овој регион, се неговите зборови, а одредени медиуми пишуваат оти се насочени кон Западот.
Ново на Сител
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
-

Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?
-

Борба против корупцијата и меѓу своите редови, најави директорот на Царина
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
