-->
-->
Тасовски ќе патува на мечот против Естонија
-->
Диме Тасовски еден од најискусните кошаркари во репрезентацијата на Македонија заработи повреда на потколеницата на синоќешниот меч против Косово, но сепак тој ќе биде дел од тимот кој ќе патува за Естонија.
Нашата селекција го совлада Косово во предквалификацискиот натпревар за СП 2018 година, но Тасовски се повреди во последната четвртина и мораше да го напушти теренот со мраз на потколеницата.
Според последните информации во текот на денот на Тасовски му е направена ехо снимка по која е констатирано дека повредата не е од посериозен карактер.
Искусниот крилен кошаркар веќе имал и една терапија, па лекарскиот тим на репрезентацијата очекува Тасовски да биде подготвен и да помогне во последниот, решавачки меч на Македонија и тоа на гостувањето во Талин против Естонија закажан за во среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово