Таричану: Во понеделник ќе поднесеме барање за гласање на недоверба за романската Влада
Романските сенатори и пратеници од владејачката коалиција на Социјалдемократската партија (СДП) и Алијансата на демократите и либералите (АЛДЕ) во понеделник ќе гласаат за недоверба за Владата на романскиот премиер Сорин Гриндеану, изјави лидерот на АЛДЕ Калин Попеску Таричану.
- Одлучивме заедно со колегите од СДП да поднесеме барање за гласања недоверба на Владата следната недела, во понеделник, во Парламентот. На тој начин ќе ставиме крај на политичката криза, што сакаме да биде прекината што е можно поскоро, посочи Таричану.
СДП и Алде вчера ја повлекоа политичката поддршка за Владата на Гриндеану, но премиерот одби да поднесе оставка.
Сите министри од романската Влада ги депонираа свои оставки.
Гласањето недоверба, што најверојатно ќе биде оддржано во вторник, се очекува да биде успешно, бидејќи СДП и АЛДЕ имаат мнозинство во романскиот Парламент.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта