Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, денеска појасни дека имало предлог-закон за правична застапеност од нивна страна. Сега следувало владиното мнозинство да се координира, а потоа продуктот ќе ѝ бил пласиран на јавноста.
- Предлог-закон од наша страна, имаше. Меѓутоа, ние во Влада сме коалиција од три коалиции: ЗНАМ, ВМРО со сите партии и ние како Влен. Сега треба да седнеме и да синхронизираме меѓу нас, да направиме заеднички продукт и тоа да го пуштиме и до јавноста и за јавна дебата и за Парламент. За тоа повторно ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за оваа работа, нагласи Таравари.
Прашан за критиките дека законот се правел на нетранспарентен начин, тој одговори оти за разлика од минатиот период, кога законите поминувале „набрзина“, сега немало да биде така.
- За разлика од минатиот период, кога законите набрзина поминуваа, сега нема да помине така, туку ви велам, ние подготвивме нешто, сега ќе седнеме владиното мнозинство да се координира и потоа ќе отвориме јавна дебата и нормално, тоа ќе биде достапно до сите и до медиумите и до јавноста и не планираме тоа да го поминеме за една недела, две. Меѓутоа, во разумен период, јас мислам дека треба да отвориме јавна дебата и ќе го направиме тоа сигурно, подвлече Таравари.
Околу тоа што има законот за правична застапеност, како ќе се регулира, министерот засега не даде конкретен одговор.
- Дозволете ни продуктот да биде синхронизиран меѓу нас и потоа ќе го пуштиме и до вас до сите, но и до граѓаните, да биде транспарентно, а потоа ќе отвориме и јавна дебата меѓу експертите, па и меѓу политичките партии, истакна министерот.
Ново на Сител
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
-

Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
