Таравари: Во Македонија веќе има колективен имунитет

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој по професија е доктор во изјава за Сител рече дека во Македонија има колективен имунитет и оти повеќе од половина од населението веќе го поминало вирусот.
-Се надевам дека ќе оди на подобро, сите ние посакуваме што порано да има вакцини иако сметам дека веќа има колективен имунитет во Македонија. Повеќе од половина жители на Македонија веќе го поминаа Ковид-19. Скоро една десетина се јавуваа и беа излечени државните институции. Другите го поминаа дома бидејќи имаат огромна недоверба во системот, рече Таравари.
Тој е незадоволен од досегашното справување со пандемијата од коронавирусот од страна на институциите. За него е смешно што досега ниту една вакцина не е пристигната.
-Да не е трагично би било смешно. Меѓутоа, состојбата е трагична само од први ноември до крајот на јануари има 1.500 починати во Македонија. Сме рангирани 10-ти во светот по смртност и по инфицирани на милион жители. Додека во другите држави околу нас веќе скоро сите се вакцинираат во Скопје има само фрижидери и програма како ќе се вакцинираат, и ништо друго. Дури, ви велам, смешно е дека премиерот се подготвува да причека вакцини на граница, па се одложува, па друга држава кажува дека не е регистирана вакцината и оти немаме програма за вакцинирање. Добиваме информации од други држави, посочи Таравари.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1