Таравари: Во Гостивар сме апсолутни фаворити
Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива Арбен Таравари искажа оптимизам за изборните резултати и најавува победа. Тој денеска во рамки на предизборните активности оствари средби со граѓаните од повеќе населби за да ја презентира програмата и заедно со неговиот тим да подели печатени изданија, преку кои, како што рече, граѓаните ќе можат да се запознаат подобро и да донесат конечен избор во недела.
– Ние не престанавме да се среќаваме со граѓаните, нонстоп сме биле меѓу нив и со нив. Сметавме дека денеска и утре, поради поповолните временски услови, треба да ја врачуваме нашата програма на непосреден начин и да се запознаат со неа. Тоа е ред и впрочем тоа треба да го направат сите кандидати. Граѓаните во недела треба да гласаат и да изберат програма и кандидат за кои сметаат дека се подобри. Гласањето треба да го направат мирно, трезвено, бидејќи сум убеден дека народот не греши во конечниот избор и секогаш го избира подобриот, рече Таравари по посетата на градскиот пазар во Гостивар.
Прашан за исходот и изборните резултати во првиот круг, Таравари напомена дека коалицијата и тој се апсолутни фаворити.
– Очекувам дека граѓаните да дадат голема поддршка и за листата за советници и да се обезбеди десет до дванаесет места во општинскиот совет. Според нашите согледувања од теренот и последните анкети, коалицијата Алијанса/Алтернатива има предност пред ДУИ од 1500 до 2000 гласа, потенцираше Таравари.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер во Скопје - со уште едно лице украле сеф и избегале со мотоцикл
-
Потврден нов случај на Птичји грип
-
Мицкоски: Од ДУИ ми пишуваа дека пола од тоа што го има ВЛЕН е доволно за да влезат во Влада
-
Мицкоски до Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија, ние се бориме да ја извадиме на прав пат
-
Мицкоски за назначувањето на директор на АНБ: Националната безбедност не заслужува да биде тема во јавноста
-
Филипче до Мицкоски: Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа
-
Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите
-
Мелони добила смртни закани заради договорот за мигранти со Албанија