Таравари: Сум видел многу болка, но ништо не може да се спореди со оваа трагедија
Ова е едно од најстрашните искушенија во нашиот град, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој се обрати на Комеморативната седница по повод загинатите во автобуската несреќа која се случи вчера во близина на селото Ласкарци.
Тој ја повика државата да им помогне што е можно повеќе на семејствата на загинатите.
-Сум видел многу болка, но ништо не може да се спореди со оваа трагедија. Никој не знае кои биле нивните последни мисли. Никој не знаел дека ќе го загуби својот живот вчерашниот ден. Болката останува на тие кои преживеале. Многу е тешко да ја контролираме нашата болка. Од овој немил ден сите да разбереме дека животот е краток. Го молам Господ да ги прифати што е можно поблиску загинатите, рече градоначалникот.
Тој испрати сочувство за семејствата на загинатите и брзо оздравување на повредените.
-Повеќето за среќа преживеаја, триесетина веќе се лекуваат и не се во животна опасност. Денеска им велиме збогум на 14 несреќни патници кои не успеаја да се вратат во нивните домови, да се молиме да се прифатат во божјиот дом, рече Таравари кој додаде дека ова бил најтешкиот говор во неговиот живот.
Ново на Сител
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Стартува инвестиција на Шахтерм - Турска фабрика за греачи за бела техника
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина