Таравари: Состојбата со Хантан вирусот под контрола
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информира дека покрај двајцата починати од село Симница, останатите осум пациенти кои беа задржани на лекување ќе бидат пуштени дома бидејќи немаат никакви симптоми.
Таравари информира дека кај осумте пациенти кои биле задржани на лекување биле направени комплетни испитувања. Само еден пациент имал гранични вредности на антитела и вторпат било направено испитување, по што биле негативни.
- Сите осум пациенти, со последните резултати на испитувањата на антитела во крв се негативни. Сите ќе бидат пуштени дома бидејќи немаат никакви симптоми и знаци. Само еден пациент кој е примен вчера, исто така од село Симница, и кај кој има одредени симптоми, мора да почека седум-осум дена за да се направат крвни испитувања за да се докаже дали постојат такви антитела. Пациентот нема симптоми кои се поврзуваат со треска, освен што има црвенило во грло, нагласи Таравари на прес-конференција.
Тој потенцира дека се преземени сите мерки, од Комисијата и од подрачните единици за епидемиологија во Тетово и Гостивар.
- Целиот терен, и на селото, од куќа во куќа и целото бачило е дератизирано и дезинфицирано. Сега за сега комплетно состојбата е под контрола, рече Таравари.
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика