Македонија
30. January 2023 - 16:34

Таравари со пакет барања оди на утрешната средба со Ковачевски

Со пакет барања распоредени во пет точки, Таравари утре точно на пладне ќе оди на средба о премиерот Ковачевски. Дали ќе станат дел од владиното мнозинство, лидерот на Алијанса за Албанците вели дека ќе зависи од тоа дали премиерот е подготвен да ги прифати нивните барања.

И премиерот денеска не беше расположен за детали. Ја најави утрешната средба и информираше дека етничкиот баланс во Владата ќе остане ист

Во моментов од 20 министри во Владата десетмина се етнички Албанци. Тоа за лидерот на Демократскиот сојуз е голем проблем и доколку бројот на министри Албанци не падне на 6, тој нема да гласа за новата Влада.

И додека Ковачевски и Таравари молчат, партиски извори откриваат дека влезот на Алијанса во Владата е завршена работа и она што се чека во моментов е одлуката на Алтернатива. Од нив ќе зависи дали Владата реално ќе се засили во Собранието или влезот на Алијанса ќе биде само покривање на расколот во ДУИ, како што тврди огнената група која е против проширувањето.