Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
Таравари не крие дека во Вреди не цветаат рози но е прилично јасен дека не планира да ја напушти Владата.
Договорот околу локалните избори тежи на новата коалиција во албанскиот политички блок откако Таравари предложил самостоен настап на советничките листи, позиција која останатите лидери ја одбија. Ваквиот развој на настаните го отвори прашањето дали Таравари гради мостови до Ахмети и прави простор да се повлече од јатото на Касами и Гаши. Контакти има, признава министерот за здравство, но исти такви контакти тврди дека имаат и останатите партнери во Вреди.
Со ДУИ немаме и не сакаме да имаме ништо, бидејќи се корумпирани, синхронизирано во одвоени соопштенија вратија партнерите на Таравари.
„ ДД нема и нема да има никаков вид соработка со корумпирана партија каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на САД за корупција.“ – реагираа од партијата на Меџити.
Вреди има смисла само додека одржува политичка дистанца од ДУИ – соопшти Беса.
Проценуваме дека нема причина или потреба да комуницираме со партија којашто е на американската црна листа на недипломирани студенти, која кај Албанците ќе биде запаметена само по корупција, криминал и злоупотреба на моќта, соопштија од Алтрнатива.
Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека Таравари има најголем рејтинг меѓу лидерите на Вреди, што го прави атрактивен плен во пресрет на локалните избори.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар