Таравари позитивен на Ковид-19
Позитивен на Ковид-19 е градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари. Тој веста за неговиот позитивен ковид тест ја соопшти на својот профил на социјалната мрежа фејсбук.
„Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarasCov-2.
Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам ... со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг.
Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè.
Чувајте се!
Срдечно
Арбен Таравари“ напиша Таравари во својата објава на фејсбук.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни