Таравари оди со албанска опозиција, Лога и Села бараат АА да оди сама на избори
Таравари престојните избори влегува во коалиција со албската опозиција на Меџити Касами и Гаши оваа одлука претседателот на АА ја соопшти попладнево преклу ФБ статус, а предлогот за заеднички листи Европскиот сојуз за промени ќе го достави на потврда до партиското собрание.
Како што објавува Таравари ваквата одлука ја донел поради граѓаните кои што бараат промени.
„ Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција, а заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава!,пишува Таравари на Фејсбук.
Овој став на лидерот на АА доаѓа на помалку од 24 часа средбата што тој ја имаше со лидерот на ДУИ Али Ахмети и техничкиот премиер Талат Џафери за да остане во т.н проевевропски фронт на интегративците. Но, на одлуката на Таравари со реакција се јави генералниот секретар на АА и министер за правда Кленар Лога кој вели дека партијата донесоно став самостоен настап на изборите.
„Сакам да ве информирам дека АА нема разгледано ниту едно барање во нејзинитеапартиски органи, Управниот совет Централно претседателство и Централно собрание во однос на предизборните коалиции на сила е одлуката на претседателството. Едногласно беше да одиме сами на избори повикувам собранието да го поддржи овој предлог, а тоа е АА да излезе сама на Парламентарните избори 2024 година“ ,пишува Лоага во Фб статус.
Како што тврди тој за Сител зад него стои и поранешниот лидер на партијата и претседател на партиското собрание Зијадин Села и тројцата партиски потпретседатели.Кренар Лога вели и дека зад овој став се и осумтте пратеници на АА и дека партија останува во Владата.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
