Таравари најави нов начин за избор на директори на ЈЗУ
Mинистерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека се назначени нови директори на клиниките за неврохирургија и за радиотерапија и онкологија.
За нов медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Таравари го назначил д-р Никола Васев, кој доаѓа на местото на Милан Ристески. За в.д. директор на Неврохирургија, на предлог на лекарски конзилиум на клиниката, е поставен Илија Панговски, на местото на Александар Чапаровски.
Таравари појасни дека се воспоставува нов начин на избор на директори на јавните здравствени установи во консултација со лекарската фела.
- И со другите клиники вака ќе се постапува, истакна Таравари по неговата средба заедно со министерката за образование и наука Рената Дескоска со претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“.
Додаде дека ќе изнајдат решение, како што рече, компетентни и професионални луѓе кои се почитувани во својата фела и во својата клиника да бидат управувачи на тие клиники.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа дека Клиничкиот центар десет години не плаќал вода и колкав е долгот, рече дека Општи служби и Водовод и канализација ќе најдат решение. Посочи дека долговите се од сите клиники и дека ревизија ќе има без исклучок.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o