Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека тој ќе поднесе оставка од функцијата, а за останатите функционери од оваа партија очекува да бидат разрешени.
- Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени, вели Таравари во изјава за МИА.
Ваквата одлука доаѓа откако во понеделникот партијата по недоразбирањата со останатите коалициски партнери во „Влен“ донесе одлука да ја напушти владината коалиција и да оди во опозиција. На претстојните локални избори партијата ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во периодот што следи ќе бидат номинирани нови имиња на местото на оние што и припаѓаа на Алијанса за Албанците.
- Членовите на ИК ме овластија во периодот што следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ односно од партијата на Арбен Таравари, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски, ресорите што ги напушти Таравари ќе останат во „Влен“ или ќе се поделат. Во наредниот период ќе бидат појасни многу работи, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови
-
Москва „генерално задоволна“ од преговорите во Истанбул, договорена размена на илјада воени затвореници
-
Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија
-
Крадел на градилиште и откако чуварот го затекнал, го претепал и се заканил дека ќе го убие
-
Мицкоски: Историски ден за Македонија
-
21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО