Таравари: Германските експерти да видат и другите модуларни болници дали ги имаат потребните услови
Градоначалникот на Општина Гостивар и поранешен министер за здравство д-р Арбен Таравари во гостувањето во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека услови за лечење на болни лица нема во повеќе болници, проблемот не е само во Тетово, и дека оставките се готова работа и треба само да се стават на седница и да се изгласаат.
Тој бара германските експерти кои треба да пристигнат во земјава и да бидат дел од истрагата за пожарот, да бидат однесени и во другите модуларни болници, за да ги разгледаат и да видат дали ги имаат потребни услови.
-Истрагата ќе покаже кој е виновен за ова. Сметам дека во моментов не треба да се затворат другите модуларни болници, но ако не ги исполниле условите воопшто не требало да се отворат, додава Таравари и информира дека Светска банка била донатор на средствата за модуларната болница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна