Taравари: Дојде време државата да има претседател Албанец
Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска објави дека ќе биде кандидат за претседател на државата.
Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).
-Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински, рече Таравари на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваат лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движење Беса.
Најави дека ќе побара поддршка од сите политички партии што сметаат дека тој е човекот што треба да ја преводи државата во следните пет години, како и од невладините организации, а како што рече, пред се од народот кој е најважен за мене. Ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.
Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријатели, другари, истомисленици и седнавме со партиите од опозицијата, сега сме веќе заедничка албанска опозиција, во сабота ќе го официјализираме ова, и дојдовме до констатација дека најдобро би било јас да се кандидирам за претседател. Јас одлучив доцна синоќа да се кандидирам, рече Таравари информирајќи дека ќе продилжи да ја извршува градоначалничката функција до, како што рече, додека не биде избран за претседател.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток