Таравари: Дојде моментот да се отстрани „јазикот 20%“

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вели дека отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во Северна Македонија. Претседателот Таравари вели дека дел од овој историски момент ќе бидат сите албански партии, вклучително и македонските партии, посочувајќи ги нивните лидери Димитар Ковачевски од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Алијансата за Албанците е среќна што сега дојде моментот кога политичките партии во Македонија ќе можат да ја изразат својата согласност албанскиот јазик да се именува како таков и повеќе да не се нарекува погрешно „20%“. Предлагаме оваа промена да се случи сега и сме убедени, не само во согласувањето на албанските партии, туку и на сите партии во Македонија“, оценува Таравари.
Според претседателот на АА, сите партии кои ќе учествуваат во оваа промена ќе бидат запишани во историјата како демократски партии, особено европски. „Особено г. Ковачески и г. Мицковски ќе станат дел од овој важен момент не само за Албанците кои живеат во оваа земја, туку и за европската иднина на нашата заедничка држава. Со нетрпение го очекуваме моментот на официјалното објавување на ова сепартиско ветување“, нагласува Арбен Таравари.
Ново на Сител
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
