Таравари: Давањето поддршка за кворум во Парламенотот не е влез во Влада
Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари најавува дека во петок ќе биде донесена одлуката за евентуален влез во Владата.
На новинарско прашање и коментар околу давањето поддршка за обезбување на кворум за одржување на седница во Собранието дека тоа значи поддршка на мнозинството и влез во Владата, Тараври одоговори тоа што некоја партија ќе обезбеди кворум за работа на Парламентот не значи и влез во Владата.
-Не, нема врска. Не е прв пат некогаш ние, а друг пат ВМРО=ДПМНЕ да обезбеди мнозиство за да функционира Собранието. Сме правеле и мнозинство кога се носеше Буџетот. Така ќе продолжиме без разлика на се, рече Таравари на настан по повод одбележување на Денот на турскиот учител во Гостивар.
Тој дополни дека Алијанса за Албанците придонела и за кворум за гласање на францускиот предлог и договорот со Бугарија и напомена дека и покрај тоа што се во опозиција во одредени ситуации, кога како партија и пратеници ќе оценат дека на работата на Собранието му треба подршка, тоа ќе го прават.
Околу одлуката за формирање на преговарачки тим и дали официјално ќе започнат преговори за влез во Владата, лидерот на АА, рече дека запеток закажал состанок со централното претседателство на партијата.
– Таму ќе ги носиме финалните одлуки, бидејки знаете дека Централното собрание му одреди на Централното претседателство да ја донесе конечната одлука и евентуално ако има потреба да формира и преговарачки тим. За тоа ќе ве информираме навреме, подвлече Таравари.
Ново на Сител
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела