Свет
30. јуни 2016 - 17:23

Танкер со руски екипаж заробен во Либија

Танкер што пловел под знаме на Белизе запрен е од крајбрежната стража во западна Либија и е спроведен до пристаништето во Триполи, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Петмина од екипажот на танкерот се руски државјани.

Танкерот бил сопрен во вторникот. 

Руската амбасада, што привремено е сместена во Тунис, се обидува да ги разјасни околностите поради кои дошло до инцидентот.