Талибанците зазедоа воени бази во авганистанскиот град Сар-е-Пул
Талибанските милитанти ја презедоа контролата врз неколку воени бази и полициски контролни пунктови во северниот град Сар-е-Пул, главен град на истоимената провинција, пренесува ДПА..
- Најмалку 17 војници загинаа во нападите, што започнаа веднаш по полноќ, изјави членот на Советот на провинцијата Асиф Садиќи.
- Милитантите ги изведоа нападите од најмалку три различни насоки и ја зазедоа стратешката област во центарот на градот, позната како село Балхали, појасни Садиќи.
- Талибанците зедоа за залоќници голем број од припадниците на безбедносните служби, додека други побегнаа во други бази во центарот на градот, изјави друг на Советот на провинцијата Реза Алимзада.
- Авганистанските сили спроведоа серија воздушни операции насочени против талибанските позиции, а спорадични борби се уште се одвиваат, наведе Садиќи.
Тој дополни дека во симултан напад на полициски контролен пункт во провинцијата Сајад, на само два километри од градот, загинаа две лица, а едно е повредено.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата