-->
-->
Талибанците најавуваат почеток на пролетната офанзива во Авганистан
-->
Авганистанските талибанци денеска објавија почетокот на пролетната офанзива и ветија дека ќе изградат своја политичка база во земјата, додека истовреме, ги фокусираат нападите врз меѓународната коалиција и локалните сили за безбедност, пренесува БТА.
Овогодинешната офанзива, Талибанците ја нарекоа „Операција Мансур“, според името на нивниот лидер, кој беше убиен минатата година при американски воздушен удар.
Нападите во последно време, вклучувајќи го нападот врз воена база во северен Авганистан оваа недела, при што беа убиени над 140 авганистански војници, по се изгледа се предупредување дека претстојат тешки борби.
Освен со талибанците, авганистанските власти се борат и со оформениот локален огранок на групата „Исламска држава“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Битола контроли во угостителски локали и кафе барови
-
Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484
-
Собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани
-
Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар
-
Општина Аеродром изврши контроли на над сто угостителски објекти, ќе се проверуваат и станбените згради
-
Митрополит г. Петар: Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени