ОН: Талибанците на жените им го ограничуваат вработувањето, патувањето и здравствената заштита

Во извештајот на мисијата на Обединетите нации во Авганистан објавен денеска се наведува дека талибанците го ограничуваат пристапот на жените до работа, патување и здравствена заштита доколку се немажени или немаат машки старател.
Во својот последен квартален извештај, опфатен од октомври-декември минатата година, мисијата на ОН во Авганистан рече дека талибанците вршат притисок врз авганистанските жени кои се сами или немаат машки старател.
Во Авганистан нема официјални закони за машко старателствово Авганистан, но талибанците велат дека жената не може да се движи или да патува на одредено растојание без маж кој е со неа и со кого таа е во крвно сродство или во брак.
Во еден случај, службеници од Министерството за пропаганда на доблести и превенција од пороци ја советувале жената да се омажи доколку сака да ја задржи работата во болницата, бидејќи според нив „непримерно е немажените жени да работат“.
По преземањето на власта во 2021 година, талибанците им забранија на жените од повеќето области од јавниот живот и им ограничија на девојчињата да одат на училиште по шесто одделение, иако тие првично ветуваа поумерено владеење.
Во мај 2022 година, талибанците издадоа декрет со кој им препорачува на жените да носат бурка од глава до пети, слично на ограничувањата за време на претходното талибанско владеење помеѓу 1996 и 2001 година.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
