Талевски: Да произведуваа повеќе струја немаше да имаме толку високи цени
За да се намалат цените, најдобро ќе беше да произведуваме електрична Енергија, вели за Детектор Валдо Талевски од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
„ЕСМ не произведуваше електрична енергија. 2021 е најкатастрофална година во производство на енергија за ЕСМ. Во 2019, во нивното владеење, ЕСМ произвело 4250 гигават часови, во 2020 има пад 3642 гигават, во 2021, 3170 гигавати вкупно произвела ЕСМ со сите капацитети и хидро капацитетите. Овде се случи еколошка катастрофа на хидро електраните. РЕК Битола произведе неверојатно црни 1900 гигават часови. Во РЕК Битола има 3 турбини по 230 мегавати. РЕК просечно годишно работел со 200 мегавати на мрежа. Значи тоа е помалку од 100% на еден блок. Значи РЕК Битола работел со само 27% на мрежа од инсталираниот капацитет“ – вели Талевски за Детектор.
Бектеши на оваа теза се бранеше дека станува збор за години во кои државата се соочувала со корона кризата.
Ново на Сител
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон
-
Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
-
Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција
-
Тен Хаг или Чави би можеле да го заменат Чаби Алонсо во Баер
-
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при обиди за криумчарење
-
Малолетничка тешко повредена откако со својот електричен тротинет се судрила со автомобил
-
66-годишен тетовец ја истепал својата поранешна девојка, потоа барал да ја повлече пријавата против него
-
Кривична за стружанец за даночно затајување, го оштетил Буџетот на РМ за 5.632.920 денари