-->
-->
Талески: Одигравме добра одбрана
-->
Младинската ракометна репрезентација на Македонија со сигурна игра во сите 60 минути стигна до победата над Полска на стартот од натпреварите од квалификациската група. Противникот беше поразен со 30:22, а капитенот на нашиот тим Филип Талески постигна 5 голови, но беше на ниво и во одбраната и во нападот.
- Целиот акцент беше на играта на Полска за да поченме со победа. Одигравме добра одбрана заедно со голманите. Дадовме лесни голови од десната крилна позиција и имавме висока предност веќе на полувремето, што успеавме да ја зачуваме. Португалија не ја гледавме од причина што бевме сконцентрирани на Полска. Натпреварот е снимен од страна на нашиот стручен штаб и веќе вечер и утре до дуелот ќе направиме анализа. До крајот на квалификациите имаме уште 120 минути, но следните 60 се најважни, истакна Талески по дуелот.
Македонија со победа над Португалија ќе биде чекор поблиску до првото место во групата кое носи пласман на СП во Алжир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети