Тактичко-показна вежба на Територијалната противпожарна единица-Куманово
Професионалните кумановски пожарникари скокаа на воздушна перница демонстрирајќи како да се спасат луѓето при пожар на височина и гаснеа почетен пожар со противпожарен апарат, во рамки на тактичко-показната вежба која се одржа денеска во дворот на Територијалната противпожарна единица-Куманово.
Вежбата која ја организираат ТППЕ Куманово и општинскиот противпожарен сојуз ја проследија корисниците на услугите на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“.
- Вежбата се спроведува во пресрет на 20 мај Денот на пожарникарите и иако првично намерата ни беше да организираме показна вежба во „Порака Наша“, но, поради просторни услови вежбата ја организираме овде“, изјави командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски.
Противотивпожарниот сојуз на Македонија во текот на целата година посветува огромно внимание на подигање на свеста на граѓаните како да се постапи при случај на пожар,преку пропаганди, со разни активности, подготовка на материјали, организирање обуки, натпревари, вежби, информираше Часлав Јовановиќ од општинскиот противпожарен сојуз.
Дејан Стојановски од „Порака Наша“ потсети дека корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со интелектуална попречност и изминатите години следеле тактично показни вежби и дека корисниците на овој начин се запознаваат како треба да постапат при случај на пожар.
Инаку, од почетокот на годинава, кумановските пожарникари интервенирале 150 пати, што според нивната статистика е зголемување во однос на истиот период лани. ТППЕ Куманово располага со осум противпожарни возила и има 50-тина вработени.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците