Тактичко показна вежба на Алфите на 14-годишнината од нивното функционирање
Сето она што ја одликува и карактеризира работата на полициски службеник е обединето во секојдневието на Алфите – предизвиците, високиот професионализам и стручна подготвеност, нужната законитост во постапувањето, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денот на одбележувањето на 14-годишнината од функционирањето на Единицата за прв одговор и интервенција.
Алфите денеска во Центарот за обука во Идризово изведоа тактичко показна вежба и ја демонстрираа својата подготвеност за справување со различни видови предизвици.
-Денес практично е незамисливо функционирањето на Секторот за внатрешни работи Скопје, како најспецифична и најсложена по обем и задачи организациона единица, без присуството на единицата Алфа во етаблираниот полициски концепт на работа на подрачјето на нашиот главен град, рече Спасовски.
Тој нагласи дека како една од суштинските алки во системот на оперативно полициско работење единицата Алфа треба и мора да продолжи со натамошна професионална надградба и развој во сите нејзини аспекти на работење.
-Тоа прашање е важно, незаобиколно и високо во приоритетите на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи, додаде Спасовски во своето обраќање пред припадниците на единицата Алфа.
Министерот Спасовски им посака на полициските службеници успех на професионален и на личен план, со уверување дека Алфите и во годините пред нас ќе постигнуваат резултати во интерес на полициската служба и на граѓаните.
Ново на Сител
-

Со „бмв“ возел 109 километри на час на место каде е дозволено 40, приведен 24-годишник од Велес
-

Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка
-

Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во кумановско
-

Усогласен Буџетот на ЕУ за 2026 година
-

Со 1.59 промили алкохол во крвта управувал возило, приведен 24-годишен кавадарчанец
-

Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници
-

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари
-

Приведен 28-годишен струмичанец кој бил баран по потерница за извршена тешка кражба
