Тајванска масажа со сатари (видео)
На Тајван сѐ попопуларни се т.н. „дао лијао” масажи, а специфичноста на овие третмани е во користењето месарски ножеви, со коишто, наводно му се враќа енергијата и рамнотежата на телото, стимулирајќи го на тој начин крвотокот.
„Дао лијао“ во превод значи „масажа со ножеви” или „терапија со нож”. Рацете воопшто не се користат, туку само ножеви и, иако изгледа опасно, за вистинските мајстори – не е. Се верува дека има физички, но и емоционални моќи на исцелување.
Методот потекнува од древната кинеско-јапонска медицина стара над 2.000 години. Истражувањата посочуваат дека оваа масажа први ја изведувале монасите од Јапонија во време на кинеската династија Танг, а на Тајван се пренела неодамна, во 20. век.
Иако денес во Кина и Јапонија тешко се наоѓа „дао лијао“ масер, на Тајван последниве неколку години се многу барани и популарни. Едноставно луѓето сѐ почесто се решаваат на тој начин да се ослободат од стресот.
Ново на Сител
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија