Тајм: Фаучи во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година
Епидемилогот д-р Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни заболувања на САД, е во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на американскиот неделник „Тајм“.
-Кога пандемијата ја покажа главата, Фаучи беше меѓу првите кои исчекорија со факти и само факти. Тој не ги витка во обланда своите зборови и одбива да биде под притисок на политичарите. Ја кажува вистината, колку и да е тешка за слушање, искрено и со една цел – да спаси животи, пишува Џими Кимел, комедијант, во својота посвета за Фаучи.
Додава дека со неговата храброст и одважност ја заработил довербата кај Американците.
-Сите ние сме среќни што имаме човек со таква мудрост, искуство и интегритет, да ни помогне да пловиме во овие бурни води.
Во списокот на Тајм, 100 највлијателни луѓе во 2020 година, се наоѓаат и поп-ѕвездите Меган Ти Сталион, Халси и „Д Викнд“.
Во списокот се и оние кои одиграа клучна улога во борбата против коронавирусот на глобално ниво. Камила Рот, специјалист за инфективни заболувања од Минхен, која беше една првите кои забележаа дека коронавирусот се пренесува и од луѓе без симптоми. Потоа, Лора Гарнер, инжинер по информациски технологии која го изработи веб панелот за статистика на коронавирусот на универзитетот „Џон Хопкинс“, како и Ши Женгли, познат кинески вирусолог кој уште во 2015 година предвидел дека коронавируост може да се прошири од лилјаци на луѓе и да предизвика хаос.
На листата се и претседателот Доналд Трамп, спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси и претседателскиот кандиндат Џо Бајден.
Ново на Сител
-
Јавното обвинителство поднесе пријава за поткуп во Велес за две лица
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...
-
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре
-
До 11 часот во Прилеп гласале 18,09 за претседателските, 18,19 за парламентарни
-
Излезност до 11 часот во Тетово, 7,04 отсто за претседателски, за парламентарни 10,81
-
Кавадарци со 16,10 отсто излезност до 11 часот
-
Прегазена жена на регионалниот пат Струмица - Валандово
-
Излезноста до 11 часот за претседателски избори е 12,87% , за парламентарни 13,69