Свет
11. July 2015 - 12:50

Таjландските амбасади со зголемени мерки за безбедност

Тајландското Министерство за надворешни работи денеска издаде директива за зголемување на мерките на претпазливост во сите амбасади и конзулати на таа држава.

Наредбата е издадена по нападот на тајландскиот почесен конзулат во Истанбул, пред три дена, направен во знак на протест поради тоа што Тајланд почна да ги враќа во Кина бегалците од муслиманското племе Ујгури.

Поради протерувањето на стотина припадници на племето Ујгури, кои Пекинг ги обвинува за насилство и борба за отцепување од Кина, во Тајланд протестираа организациите на малцинското муслиманско население, кои тврдеа дека потегот на властите во Бангкок нема да остане неказнет.

Покрај Тајланд, поради засилен притисок од Кина, припадници на племето Ујгури во последно време враќаат и Камбоџа, Малезија и Пакистан, но нападот на тајландскиот конзулат во Истанбул беше прва одмаздничка реакција на овој процес.