Тајландскиот принц и генералите ја предводеа велосипедската трка во чест на кралицата и за Гинисов рекорд
Во чест на 83 роденден на тајландската кралица вчера во Бангкок и во повеќето главни градови на провинциите се одржа спектакуларна велосипедска трка во која, официјално, учествувале 295.000 велосипедисти, а според медиумите над 350.000.
Велосипедската манифестација под назив „велосипед за мајката“ во Бангкок во должина од 44 километри ја извозија престолонаследникот Маха Вајаиралонгкорн, водачот на воениот удар, сега премиер, генералот Прајут Кан-ока, повеќето министри, сите поранешни генералии естаблишментот на војската, полицијата и држаната управа. Овојпат свечената кралска и генералска униформа беше заменета со вообичаени спортски дресови и велосипедски кациги на главите.
Покрај тоа што беше своевидна манифестација за изразување на почит кон кралицата и кралското семејство, оваа манифестација ќе влезе и во Гинисовата книга на светски рекорди. До вчера, во оваа „категорија“ рекордер беше Тајван, каде што пред три години за рекордот се изборија 70.000 луѓе кои истовремено возеа велосипеди. Гинисовите судии ќе запишат дека биле избројани 146.000 тајландски велосипедисти.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари