Тајланд легализира одгледување канабис, владата донира еден милион садници на граѓаните
Жителите на Тајланд сега можат дома одгледуваат растенија канабис и да ги продаваат бидејќи државата ја отстрани марихуаната од списокот на забранети наркотици.
Тајланд е и првата земја што го направи тоа во Југоисточна Азија, регион познат по строгите закони за дрога, јави Би-Би-Си. Но, употребата на марихуана за рекреативни цели е сè уште забранета. Владата се надева дека развојот на локалната трговија со канабис ќе ги поттикне земјоделството и туризмот. За да ги поттикне граѓаните да одгледуваат канабис, владата донира милион садници.
– Тоа е можност за луѓето и државата да генерираат приход од марихуана и коноп, изјави Анутин Чарнвиракул, вицепремиер и министер за здравство.
Клиниките низ целата земја, исто така, можат послободно да понудат канабис како третман. Тајланд беше првиот во Азија што ја легализираше употребата на медицински канабис во 2018 година. Властите ги предупредија луѓето да не пушат марихуана во јавност и рекоа дека тоа се смета за кривично дело и оти прекршителите ризикуваат да бидат уапсени.
Тајландската владата соопшти дека планот за легализација има за цел да ослободи околу 4.000 затвореници осудени за прекршоци поврзани со канабис. Во тајландскиот Парламент во моментов се расправа за поширок нацрт-закон за контрола на канабисот. Поддржувачите на законот веруваат дека правилата за регулирање на употребата на канабис би можеле да бидат олеснети во наредните години.
Ново на Сител
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти