Свет
17. September 2017 - 11:48

Тајфунот Талим ја погоди Јапонија, откажани стотици летови

Силниот тајфун „Талим“ денеска го погоди југот од Јапонија донесувајќи обилни дождови, прекин во железничкиот сообраќај и откажување на повеќе стотици летови.

„Талим“ го погоди јужниот јапонски остров Кјушу и донесе ветрови што дуваат со брзина од 162 километри на час, сооошти Јапонската метеоролошка агенција.

Силниот ветар откажа најмалку 644 летови на домашните авиолиниии, извести јапонската телевизија НХК, додека железничкиот сообраќај е во прекин.

Властите издале предупредување за бура, зголемо ниво на морето, можни одрони и поплави на поширокото подрачје на јужниот дел на Јапонија.

На почетокот на неделата, „Талим“ ја погоди и Кина, каде повеќе од 200.000 лица беа присилени да се евакуираат.