Тајфунот „Соуделор“ ја погоди југоисточна Кина
Најмалку девет лица загинаа, а три се водат како исчезнати по ударот на тајфунот „Соуделор“ во југоистoчната кинеска провинција Фуџијан.
„Соуделор“, кој претходно го погоди Тајван, каде загинаа или исчезнаа 10 лица, минатата ноќ со нешто послаб инетнзитет дојде и до континнаталниот дел на Кина, по што набрзо премина во тропска бура.
Сепак, првичниот удар на тајфунот, проследен со поројни дождови, предизвика неколку свлечишта во планинскиот регион Пингјанг во северниот дел на Фуџијан.
Според властите на Фуџијан, тајфунот целосно уништел 36 куќи, а оштетил 281 други, а поради откоранти столбови и оштетување на електричната мрежа, без струја останаа над 1,7 милиони домаќинства.
Поради тајфунот беа откажани и над 500 летови од локалните аеродроми.
Пред налетот на тајфунот, кинеските власти евакуираа над 370.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори