Тајани: Земјите од регионот напорно да работат за влез во ЕУ
Земјите од регионот мора напорно да работат за да се интегрираат во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани.
Како што јави известувачот на МИА од Софија, Тајани одговарајќи на новинарско прашање за во врска со процесот на интегрирање на шестте земји од регионот, меѓу кои и Македонија нагласи дека дијалогот е отворен, но оти има уште многу пат да се помине.
- Сите балкански земји се дел од Европа. Ако земјите сакаат да станат дел од ЕУ мора да ги почитуваат правилата. Треба напорно да се работи во вистинска насока. Србија и Црна Гора се движат по патот. Мора да се работи напорно, тоа важи и за ПЈРМ, но и за другите земји. Ние не сме против интеграцијата, напротив ние го туркаме тој процес. Ја поддржуваме демократијата, владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата. Правилата мора да се почитуваат, рече Тајани.
Тој не сакаше да даде коментар за спорот меѓу Македонија и Грција околу името.
- Тоа не е моја работа, кусо одговори Тајани.
Ново на Сител
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
-
Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта