Тага во Козјак: Телото на трагично починатото дете донесено дома
Телото на трагично загинатото осумгодишно дете Раденко Никодиновиќ кое во саботата почина од сепса која ја зафати неговата рака откако ја скришило, е донесено денеска во семејната куќа во селото Козјак кај Лозница.
Кога го изнесоа телото од возилото, врисокот на мајката го параше небото:
-Леле, сине мој, сине мој, повторуваше таа и падна преку ковчегот тагувајќи за синот.
Во дворот се слушаа лелеците и на бабата на Раденко, која само го повторуваше неговото име и постојано говореше: „што ќе правиме сега, што сега“.
Телото на малечкиот Раденко пред куќата го дочекаа десетина соседи, пријатели и роднини кои не можеа да ги скријат солзите.
Милан Никодиновиќ, татко на малиот Раденко (8) кој почина од скршеница на рака, денеска од Белград го презеде телото на детето/
Очајниот татко изјави дека сите се зачудени како никој од лекарите не побарале детето да остане во болница.
-Дете да умре од скршеница на рака во 21 век не е нормално. Дете да не го остават во болница воопшто. Сега жната тука се чуди како детето не го оставија во болница. Прашува дали имаме некој лист, дали нешто сме потпишале, ама нема ништо. Човекот ниту еднаш не спомна да останеме, рече Милан.
На прашањето дали се слушнал со лекарот кој му ставил гипс на детето, таткото изјави дека него никаде го нема, дека зел некое отсуство и заминал.
Ново на Сител
-
Оружје и муниција пронајдени кај 75-годишник од Трубарево
-
Голем интерес за билети за СП 2026
-
Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
-
Трамп: Упадот со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава