-->
-->
Тага: Почина петгодишното дете што беше тешко повредено во сообраќајка
-->
Петгодишниот Семир Кантиќ од Тешањ во БиХ кој пет дена беше во кома по сообраќајната несреќа во која се здоби со тешки повреди опасни по живот, почина во болницата во Зеница.
Несреќата се случи на регионалниот пат Р474 (Прњавор - Нови Сехер) кај Јелах во која настрадаа неговата мајка и сестра, јавува босански Аваз.
Детето се здоби со тешка повреда на мозокот, а кога е префрлен во зеничката болница испратен е на операција, а по хируршкиот зафат хоспитализиран е на интензивна нега заради натамошно лекување.
Беше приклучен на апарати, во кома и во критична состојба, а вчера во попладневните часови почина во болничката постела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шведска може на Украина да и продаде помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Грипен“
-
Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар
-
Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари
-
Нетанјаху: Израел не е протекторат на САД
-
Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари
-
Координативна средба на Ѓорѓиевски со советничките групи од коалицијата – во фокус на разговорот биле првите чекори по преземањето на градот
-
ЕП усвои резолуција за Србија