Живот
23. February 2016 - 14:45

Тага и солзи, соучениците се простија од Стефан кој почина на час по физичко

Стефан Арсиќ (18) ученик од четврта година средно од „Раде Металец“ во Лесковец починал на часот по физичка култура.

Стефан е веднап примен во болница, но од страна на лекарите само му е констатирана смрт. Се работело за дете кое имало оперирано срце, од школото изјавиле дека на Стефан наеднаш му се слошило околу 16:30 часот и паднал во безсвест на подот. Професорот се обидел да му даде прва помош но немало никакви промени.

На часот по физичко правеле вежби кои биле неадекватни за неговата физичка и здраствена состојба, раскажа директорот на школото.

Тој додаде дека Стефан бил добар ученик, примерно и дисциплинирано дете и неговата изненадна смрт покрај родителите ги погоди и сите негови другари од училиште.