Балкан
2. јуни 2018 - 20:54

Тага до небо: Мајката на удавеното момче (13) тврди - Моите синови, непливачи во вода ги турна другарче, само помладиот син се спаси

Миодраг Решин (13) од Меленац кај Зрењанин се удави во четвртокот попладне на дивото капалиште Пескара, кое се наоѓа на работо од селото, а неговото тело го извлекоа нуркачи на Жандармеријата по неколку часа.

Родителите на детето Перо Решин (53) и неговата сопруга Милијана (43) не можат да се помират со загубата, а како што велат, начинот на кој се одвивала трагедијата, дополнително ги дотепала.

-Наместо на 21 јуни да го прославиме роденденот на Миодраг, се подготвуваме во понеделник да го погребеме, неутешно повторуваше несреќната мајка Милијана.

Majka: Obojica su neplivači, Pera je upao u plićak i pokušao je da spase Miodraga

Таа вели дека кобното попладне, нешто по 16 часот, Миодраг отишол на Пескара со година дена помладиот брат перо и неговиот школски другар.

-Си играа пред куќата, а Миодраг ми рече дека е гладен и да му подготвам нешто да јаде. Недолго потоа го загубивме. После тоа слушнав дека тоа дете на Миодраг и на Перо им предложил да одат до Пескара. Кога стигнавме таму, тој моите синови непливачи ги турнал во вода. Изгледа дека Миодраг веднаш останал без тло под нозете, додека Перо паднал во плиткото. Веднаш потоа се обидел да му помогне на постариот брат. На Миодраг му пружил рака. Перо ни раскажа дека Миодраг само замавнал со раката и исчезнал под површината на водата. Тоа дете на Перо потоа му рекло на никого да не му кажува дека и тој бил со нив, а потоа побегнал дома, со ешка мака раскажува неутешнатамајка и додава дека нејзините синови до сега никогаш не оделе на Пескара.

Соседот на несреќното семејство Милета Бачикин (70) еден од првите мештаните кој дознал дека Миодраг изчезнал на езерото веднаш дошол на Пескара. Без размислување скокнал во водата и нуркал, но Миодраг не го нашол.

-Четири пати нуркав. Некој веќе повика полиција, а во меѓувреме до Пескара без душа долета мајката на детето. Уште некои луѓе се обидуваа да го најдат Миодраг, ама безуспешно, вели Бачикин. Тој додава дека дното на Пескара е нерамно и дека водата е длабока само на неколку метри од брегот.

-На ова диво капалиште спасив четири деца кои се давеа. Давеници спасував и од Тиса и Тамиш, сигурно едно дваесетина. Секојдневно доаѓам овде. По неколку пати го препливувам езерото. Ова е мојот најголем неуспех во животот, вели скршен Милета.

Неутешен: Таткото занеме од болка

Таткото на Миодраг, Перо речиси занеме од болка. Зборува само дека Миодраг бил душа од дете:

-Беше многу нежен. Дете какво што секој би посакал. Неговииот помлад брат Перо многу се потресе. Тешко им е и на нивните постари браќа. По Миодраг тагуваат и Борис (27) и Милан (24) - вели Перо.