Живот
30. December 2015 - 19:02

Таен експеримент го отвори небото - НЛО мина низ порта над ЦЕРН!

Група американски туристи, кои ја посетиле областа во близина на ЦЕРН забележале еден по малку необичен феномен.
 
ЦЕРН е истражувачка организација во Женева, Швајцарија, каде се наоѓа најголемиот акцелератор на честички во светот.
 
Во овој акцелератор се судираат честички со брзина блиска на брзината на светлината, а научниците се обидуваат да откријат од што се состои универзумот и како настанал.
 
Сепак, резултатот од овој експеримент може да ги изненадидури и научниците од ЦЕРН, а поединци тврдат дека тој експеримент би можел да биде катастрофален по целото човештво.
 
Како што пишуваат поедини сајтови, ЦЕРН започнал да привлекува и НЛО, со оглед на тоа дека се појавила снимка на која на небото се гледа еден необичен вител.
 
Може да се забележи дека облаците привлекуваат со некоја необична сила, а во еден моментсе појавува чуден летечки објект. 
 
После тоа објектот исчезнува и се се враќа во нормала.
 
Секако, многумина не веруваат во теориите на заговор дека во ЦЕРН се вршат чудни експерименти и истакнуваат дека всушност сè е монтирано, направено заради забава.
 
Погледнете за што станува збор...