-->
-->
Тачи за обвинението: Не сум виновен
-->
Поранешниот приштински претседател Хашим Тачи за прв пат се појави пред Хашкиот трибунал за воени злосторства. Тачи кој е еден од основачите и припадник на Генералштабот на терористичката паравоена единица на Косово, ОВК, изјави дека не е виновен и дека не ги признава обвинувањата што му се ставаат на товар во обвинението на специјалниот обвинител на Косово.
„Чесен суде, обвинението е без никаква основа и изјавувам дека не сум виновен по ниту една од 10-те точки на обвинението“, рече Тачи пред судијата за претходна постапка на Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг.
Тој ги негираше обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото помеѓу март 1998 и септември 1999 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
